Може ли да ги снема доказите од УБК додека СЈО го чека експертот?

од Vladimir Zorba
Во очекување на експетотот од Ериксон министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, ангажирал полициско обезбедување и видео надзор на системите, информира 24Вести.
Експертите по компјутерска технологија посочуваат дека сепак е можен хакерски упад во компјутерите. Поранешниот професор на ФИНКИ, Игор Трајковски, вели дека е можно да се пристапи до системите дури и од друга држава.
Зависно од опремата со која располага УБК, Трајковски додава дека доколку нешто се избрише од системот, трагите можат да се покријат, но извори од МВР за 24 Вести, пак, тврдат дека системот располага со еден вид „црна кутија“ која ги памети сите податоци.
Дека е можен пристап до компјутерите, потврдува и професорот по безбедност Владимир Пивоваров. Тој вели дека обезбедувањето и видео надзорот тоа не можат да го спречат.
Целиот текст можете да го прочитате тука 

Слични содржини