Мозочен пејсмејкер против Алцхајмерова болест

од desk2

Неврохирурзите во САД почнаа клиничко испитување на ефектите на вградување „мозочен пејсмејкер“ на пациент кој страда од невродегенеративно заболување Алцхајмерова болест.

Ова е првпат техниката на длабински мозочен поттик да се користи за забавување на развојот на тоа невродегенеративно заболување. 

Досега таква техника е применувана само кај заболени од Паркинсова болест, што е исто така невродегенеративно заболување.

Се работи за метода која се применува во терапевтски цели, заради намалување на треморот и подобрување на квалитетот на животот.

Докторот Вилијам С. Андерсон и неговите колеги од болницата „Џон Хопкинс“ во САД вграедија во рамки на клиничкото испитување првпат пејсмејкер во мозокот на пациент со Алцхајмер во почетен стадиум.

Методот се состои во правење дупчиња на черепот за да се вградат од секоја страна на мозокот жици (проводници) заради негови стимулации кои ги испраќаат електричните импулси.

Со оглед на тоа дека засега не постои каква било ефикасна терапија за забавување на подолг временски период на развојот на Алцхајмер, новиот терапевтски пристап претставува зрак на надеж за заболените, но и за нивните семејства.

Слични содржини