МПМ нема да брка новинари од „Утрински весник„

од Vladimir Zorba

Нема да има бркања во „Утрински весник“, менаџментот на МПМ се премислил и одлучил засега да ги задржат вработените и да нема згаснување на весникот. Оваа одлука утрово и била соопштена на главната и одговорна уредничка Соња Маџовска, но на состанокот сепак било кажано доколку има доброволци кои сакаат да си заминат од работа тоа можело веднаш да го сторат. Пред да стигне оваа порака, предходно менаџментот на Утрински весник им соопштил на вработените дека ќе следуваат отпуштања или згаснување на весникот, на што вработените не се согласиле, пишува 24 Вести.

g_vesnici

Самостојниот синдикат и здружението на новинари застанаа во одбрана на колегите. Тие порачаа дека финансиската ситуација во „Утрински весник“ не е одговорност на новинарите, туку на менаџерскиот тим, нивните лоши одлуки и поврзаноста со власта.

Слични содржини