Мразот на Гренланд се топи и се заканува да открие мрачна тајна од Студената војна

од Vladimir Zorba

 

 

 

Тајниот проект на американската војска од времето на Студената војна и токсичниот отпад што тој го крие, наводно закопан под гренландскиот мраз, веројатно ќе биде откриен благодарение на растот на температурата во наредните децении, тврдат научниците.grenland-ezera-stopeni-katastrofa-01

Американската војска ископала камп во 1959 година близу брегот на Гренланд, кој тогаш бил округ на Данска.

Кампот се напојувал од првиот мобилен нуклеарен генератори, имал околу три километри долга мрежа на тунели, сместени длабоко под мразот, како и болница, лабораторија, продавници, капела, кино сала и простории за сместување за дури 200 војници.

Научниците во кампот го дупчеле мразот и примероците ги користеле за проучување на климата на земјата.

Меѓутоа, многумина сметаат дека овој камп служел како покритие за нешто друго, проектот е толку голем и таен, што ни данската Влада не била информирана за неговото постоење.

– Мислеле дека никогаш нема да биде откриен. Тогаш во 60-те години на миантиот век, не ни постоеле назнаки за опасност од глобално затоплување и раст на температурите. Меѓутоа, климата со време се промени, вели научникот Вилијам Глен, кој е експерт за клима и глечери.

Проектот „Леден црв”, кој бил презентиран во 60-те години на минатиот век, имал за цел да ја тестира изводливоста на лансирањата ракети од под мразот, кои би можеле да пофодат цели во Советскиот Сојуз.

На врвот на Студената војна, американската војска без оглед на таа состојба, се одлучила да изгради подземен продолжеток на кампот.

Системот на нови тунели бил со големина на три Дански и требало да прими околу 600 балистички ракети. На крај инжинерите сфатиле дека „Црвот” нема да функционира, дека мразот постојано се движи, дека е нестабилен и дека во еден момент тунелите можат и да се срушат.

Од 1964 година кампот бил користен само повремено, а три години подоцна целосно е напуштен.

Генераторите се однесени, а останале само празна конструкција и отпадот.

Климатските промени денес доведуваат до топење на мразот, поради зголемување на температурите. Оваа пролет и летово забележани се рекордни температури, а инаку од 2003 до 2010 година голем дел од мразот двојно побрзо се стопил од колку во текот на целиот 20 век. Оваа година мразот почна да се топи дури еден месец порано.

Научниците ги проучувале воените документи на американската војска за да дознаат колку длабоко се наоѓа кампот, оценувајќи дека во него постојат 200.000 литри дизел гориво, слични количества отпадни води и непознато количество на радиоактивна течност.siva-reka1

Со помош на климатските предвидувања се обиделе да откријат за колку години овој камп ќе биде откриен. Нивната проценка е дека мразот се повеќе се намалува и дека до 2090 година изложеноста на кампот ќе биде речиси сигурна. Меѓутоа, тоа може да се случи и порано ако уште повеќе се забрзуваат климатските промени.

Во извештајот на научниците и истражувачите се наведува дека кога ќе се случи тоа откривање главно прашање ќе биде кој е одговорен и дека отпадот може да стане извор за тензии меѓу САД, Гренланд и Данска.

Данска дозволила изградба на кампот, но не е јасно дали имала целосен увид во тоа што се случувало таму и колку отпад е оставен. А работата да биде уште покомплицирана, Гренланд од 1979 година има локална автономија.

Гренландскиот министер за надворешни работи вели дека е загрижен за иднината на кампот и дека мора да се утврди одговорност. Пентагон изјави дека е свесен за постоењето на климатските промени и ризиците кои тие ги носат на Гренланд и додава дека американската влада соработува со данската влада и со властите на Гренланд за да се реши прашањето кое се однесува на заедничката безбедност.

Бизнис инсајдер – Њујорк

Слични содржини