Мухамед Зекири можен кандидат на СДСМ за градоначалник , а кој ли ќе биде за Скопје !?

од Vladimir Zorba

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири е еден од можните кандидати за градоначалник  објавија повеќе портали повикувајќи се на неофицијални извори во партијата.

Не се прецизира дали на Чаир или друга општина .

Според партиски  информации, за градоначалничката фотеља во Скопје од СДСМ засега се вртат имињата на тројца кандидати меѓу кои Зекири, Петре Шилегов, кој е исто така пратеник од владејачкото мнозинство, како и Дамјан Манчевски, кој во моментот е министер за информатичко општество и администрација.

Се шпекулира  и дека има уше две имиња од професорската  и уметничката фела, зад кои се крире вистинскиот кандидат,  но тие имиња засега не се експлоатираат, дознава Локално.мк

За  Зекири се тврди дека најдобро стои на анкетите што се спроведени во Чаир, и е  можен кандидат за градоначалник на оваа скопска општина, каде би добил поддршка и од „интегративците“.

За Скопје според последните анкети исто така добро стојат и двајцата кандидати на СДСМ, додека актуелниот Коце Трајановски изјави дека сака и трет мандат да тера, ама ќе се кандидира само ако добро стои на анкетите.

Слични содржини