Мукоски не признава- камерата лажела, не било така !?

од Vladimir Zorba

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, за ДВ негираше дека тој ги отстранил металните држачи кои ги блокираат вратите на Собранието на 27.април, по што демонстрантите масовно влегоа, а дел од нив и ги нападнаа пратениците на опозицијата.

„Алсат-М“ вчера објави снимка која сведочи за внатрешното движење во парламентот неколку минути пред во него да влезат демонстрантите и првите минути потоа.

„Јас не сум ја отворил вратата на парламентот. Точно е дека бев во ходникот: Дали е тоа забрането? Јас имам право да се движам слободно насекаде низ Собранието. Ја видов снимката и не гледам од каде е изведен заклучок дека јас сум ја отворил вратата. Се е шпекулација. Истрагата ќе покаже кој го сторил тоа“, вели Мукоски за ДВ.

Слични содржини