Мурињо: Подготвен сум да останам во Јунајтед уште 15 години

од desk2

Менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да остане во англискиот гигант уште 15 години и да остави трага како легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Португалецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, а веќе во првата сезона освои три трофеи – Лига Европа, Лига Купот и Комјунити шилд.

– Подготвен сум за таков потфат, да биде уште 15 години во Манчестер сакам да останам толку време. Зошто да не?, рече 54-годишниот Мурињо за ESPN. Тој во Јунајтед дојде по неуспешните сезони на клубот со менаџерите Дејвид Мојс и Луј ван Гал кои пак дојдоа по 27-годишната ера на Фергусон.

– Кариера на Фергусон е единствена. Мислам дека никој не може да го достигне и да води ист клуб толку години. Последен со слична приказна е Арсен Венгер. Тоа веќе во модерниот фудбал е тешко да се повтори. Ако имаш успех остануваш, ако не си одиш. Секаде каде што работел Мурињо освојувал трофеи. Така беше во Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и со Манчестер минатата сезона.

Слични содржини