Мурињо подготвува чистка во Јунајтед! Погба пред напуштање на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Жозе Мурињо, сака да направи нова сериозна селекција во текот на летото на 2018 година, соопштува весникот „Дејли Мејл“.

Првата желба на португалскиот специјалист е да се раздели со четири играчи – Пол Погба, Антони Марсиал, Дејли Блинд и Матео Дармијан. Тие не можат да најдат заеднички јазик со Мурињо, кој има нетрадиционални методи на работа и подготовка, според блиски до 20-кратниот шампиони на Англија.

Желбата на Жозе Мурињо е да купи нови ѕвезди за да ја зајакне својата постава. Цената на Пол Погба, поставена од клубот е малку над 100 милиони евра, но интерес за францускиот репрезентативец не недостасува.

Во тековната сезона, Јунајтед повторно одигра променливо. „Црвените ѓаволи“ испаднаа во осминафиналето во Лигата на шампионите и не успеаја да го загрозат на никаков начин првото место на Манчестер Сити во домашното првенство.

Единствената шанса да освои трофеј пред Манчестер е Купот на фудбалската асоцијација. Во полуфиналето на крајот од оваа недела, Јунајтед ќе се соочи со Тотенхем на „Вембли“.

Во последните две сезони, Жозе Мурињо доби над 300 милиони фунти за нови фудбалери.

Слични содржини