Мурињо се приближува до ПСЖ?

од Vladimir Zorba

Иднината на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед е под сериозен прашалник по елиминацијата на Лигата на шампионите.

Според британски „Mirror“, Специјалниот и шефовите на „црвените ѓаволи“ имаат сериозни отстапувања во плановите за летна селекција, што дополнително го турка Португалецот далеку од „Олд Трафорд“.

Раководството на Манчестер очекува подобри резултати по мултимилионските трансфери.

Истовремено ПСЖ речиси сигурно ќе го смени Унаи Емери и не ги крие апетитите кон Жозе.

Договорот на Специјалниот со Јунајтед е до 2020 година.

Слични содржини