Мурињо: За клубот ова не е ништо ново, двапати сум го отстранувал Јунајтед во оваа фаза

од Vladimir Zorba

Шокантната елиминација на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите, која дојде по пораз на домашен терен со 1:2 од Севиља, ги изненади непријатно навивачите на тимот, кои беа сигурни дека нивниот тим ќе продолжи напред. Уште поизненадувачки беа изјавите на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо по поразот и неубедливата игра на тимот.

Според Португалецот неговите фудбалери го дале најдоброто од себе, а освен тоа елиминацијата на Манчестер Јунајтед во оваа фаза на натпреварувањето не е новина за клубот, бидејќи самиот Мурињо на два пати ги отстрануваше „црвените ѓаволи“ со тимовите на Порто и Реал Мадрид.

„Не мислам дека презентацијата беше лоша. Не жалам за ништо. Го направив најдоброто, играчите исто така го дадоа најдоброто од себе. Се обидовме, изгубивме, тоа е фудбалот. Сум седел на ова место двапати во Лигата на шампионите, откако сум го отстранувал Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во 1/8-финалната фаза. Тоа се случи со Порто (во 2004 година) и со Реал Мадрид (2013 година), па ова не е нешто ново за клубот“.

Слични содржини