Мусака со модри патлиџани

од desk2

Малку поинаква мусака, исто вкусна, исто хранлива.

За рецептот ќе ви бидат потребни:

– 2 тегли потпечени црни домати

– 1/2 килограм мешано мелено месо

– пармезан

– морков

– 1 тегла пелати (цели лупени домати)

– зачини

– нане

– кромид

– лук

– магдонос

– нане

– лажица сенф

Подготовка:

Во тава се пропржува ситно исецкан кромид, се додава ситно изрендан морков, се додаваат 3 чешниња ситно исецкан лук и се додава месото. Се зачинува. Се пржи се додека не добие убава боја и не биде готово месото.

Пред самиот крај (10 мин) се додаваат ситно исецкан магдонос, лажица сенф, и пелатите од теглата. Се динста додека не се добие хомогена конзистенција на доматите со месото.

Во огноотпорна керамичка тава се реди ред домати, ред од месото и така се додека не се заврши смесата. Врз последниот слој се става пармезан. Се пече околу 20 минути на температура од 150 степени или додека сметате дека е готово.

Пријатен апетит!

Слични содржини