Музичарите најавуваат тужби за изгубените субвенции

од desk4

Музичарите кои останаа без субвенции од државата, откако Министерството за култура и МРТВ ги поништија одлуките од последниот конкурс решија на суд да ја бараат правдата. Зад тужбата ќе застанат стотина автори, музичари и продуценти, информира ТВ24.

Според Александар Ристовски-Принц – еден од избраните музичари на поништениот конкурс, изведувачите во овој случај се колатерална штета. За конкурсот како што вели направени се композиции во кои вложени се пари, време и креативност.

„Постои закон кој треба да го спроведат  МТВ и Министерството за култура. Луѓето пријавиле и направиле песни. Се она што е во извршувањето е меѓу нив интерно.“ – вели Александар Ристовски – Принц.

Според Принц проблемот е во законот, а не кај изведувачите кои конкурирале и добивале финансии. Законот за поддршка на музичката продукција не ја исполнил функцијата за која беше донесен,  поради тоа што не биле консултирани ниту земени предвид предлозите на самите изведувачи.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини