Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во куќата на Б.П. (66) во Прилеп, на ул.„5-та Прилепска“.

Притоа одзел 100 евра, златен и сребрен накит, еден револвер марка „Тулумбар“ калибар 7,65мм за кој пријавителот имал дозвола за поседување,  една кутија муниција со 20 куршуми калибар 7,65мм, еден стар пиштол „Тулумбар“ (украс-трофејно оружје) и еден ловечки нож.

Сторителот со прескокнување на оградата влегол во дворното место од куќата на пријавителот, насилно ја отворил влезната врата од куќата, влегол внатре и извршил пребарување по просториите и откако ги одзел наведените предмети го напуштил местото на настанот.

Полициската станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Од засега непознати причини вчера околу 20 часот во Скопје на ул.„8  Март“  настанал пожар во напуштена куќа, при што била опожарена покривната конструкција од куќата и просториите во неа, но немало зафатено други објекти во близина.

Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица-Скопје.

Т.К. вчера во 18.50 часот во ЕИК-Скопје пријавил дека во скопското село Варвара била пронајдена почината П.В. (81) од селото Варвара.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

На ул.„Воин Драшкоци“ во Скопје вчера во 15.30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „пежо 206“ со скопски регистерски ознаки управувано од П.М. (32) од Скопје удрило во пешакот М.М. (68) од Скопје.

М.М била пренесена во Ургентниот центар Мајка Тереза-Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување.

Увидна екипа од ОУСН-Скопје извршила увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

На магистралниот пат Ресен – Битола – Прилеп на местото викано „Сточен пазар“ во Битола вчера во 18.30 часот  непознати лица целосно го попречиле  патниот сообраќај. 

Тие на коловозот нафрлале снег и поставиле отпаден материјал-ѓубре, камења, пластики, текстил, гуми, дрва и друго, при што на неколку места отпадниот материјал бил запален. Сообраќајот бил пренасочен кон централното градско подрачје.

На 20 јануари 2017 година во 10 часот е укината забраната за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.

На Граничен премин „Аеродром Александар Велики“ на излез од Република Македонија вчера во 13.30 часот бил приведен А.Б. (24) од Гана, поради употреба на фалсификуван италијански документ.

Лицето било преземено од инспектори од ОПКМСР и по консултација со Јавен обвинител му биле одземени личните документи и ќе му биде поднесена кривична пријава по редовна постапка.

Слични содржини