МВР: Член на избирачки одбор добил закани и пцовки

од desk4

Член на избирачки одбор на избирачко место 2546 во ОУ „Кирил и Методиј“, во Скопје, пријавил денеска инцидент во полиција.

Како што изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски, С.С. член на избирачки одбор пријавил дека имало вербална расправија.

 – Откако членовите на избирачкиот одбор завршиле со гласањето на стари и изнемоштени лица, ја донеле кутијата со гласачки ливчиња во Основното училиште „Кирил и Методиј“ со цел да се затвоти гласањето. Во тој момент дошол Т.Б. и го повикал С.С во дворот каде почнал вербално да му се заканува со погрдни зборови и пцовки, по што се одалечил во непознат правец, рече Ангеловски.

Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини