МВР: Дополнителниот заменик министер Андонов има ингеренции само за прашања во врска со изборите

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи е државен орган кој има правила на функционирање кои важат со години и дополнителниот заменик министер г-дин Андонов требало да се информира барем за овие елементарни работи.

mvr-zgrada

Целосна невистина е дека на Секторот за односи со јавност му е забрането да му дава логистичка поддршка на дополнителниот заменик на министерот.

Комуникацијата на МВР со јавноста се врши исклучиво согласно одредбите на Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и Упатството за начинот на остварување комуникација со јавноста кое е потпишано од поранешната министерка Гордана Јанкулоска, а изготвено во јули 2007 година.

Според законската регулатива дополнителниот заменик министер Оливер Андонов има ингеренции само за прашања во врска со изборите. Во МВР не може да биде дозволена двојна команда без оглед на нечии желби и амбиции. Во МВР мора да се почитува законот.

Слични содржини