pancevski

Тројца вработени во МВР, од кои двајца инспектори, денеска беа во општина Центар, во врска со предмет во кои овластен градежен инспектор, по увидот, донесе решение за отстранување на дел од незаконски изграден објект на улица „Никола Вапцаров“, информираа од општината. МВР од заменик раководителот на инспекција, во отсуство на раководителот на Секторот за инспекциски работи, со записник го одземаа предметот.

pancevski-2

Надлежен градежен инспектор беше повикан во Обвинителство да даде исказ.

При извршената инспекција, констатирано е дека инвеститорите отстапиле од одобрениот основен проект и бесправно додале уште два спрата, за што немаат платено ни комуналии.

Во решението се бара инвеститорите да го отстранат делот од градбата кој не е во согласност со проектот. Во спротивно, општината ќе ангажира фирма и ќе го отстрани диво изградениот објект.

Слични содржини