МВР информира за нормализирана безбедносна состојба и 70 повредени

од Vladimir Zorba

Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје,  околу и во Собранието е  нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. „Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.

До 23:30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница „Св. Климент Охридски“ и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца  пратеници.

Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собранието на  Р. Македонија  нема повеќе граѓани, а демонстрантите кои протестираа се надвор oд Собранието.“ се вели во соопштението.

Слични содржини