Се обезбедуваат ли институциите со полициски сили и оружје, пред најавените  вечерашни  протести ? Пред малку до Локално.мк стигна дојава дека се внесува големо количество на оружје во зградата на МРТВ, каде се сместени и делови на  министерства на Владата на РМ.13059523_10154132845829932_1428495776_n

Вработени во зградата јавуваат дека на зградата се поставуваат снајпери, а борбени возила во околината, но има  дури  и хеликоптер во близина на зградата.

Пред малку добивме потврда за информацијата и од МВР, но не дека станува збор за носење големи количини на оружје во МРТВ .Тие велат дека ова е стандардна безбедносна процедура за спроведување на опасни затвореници, во случајот станува збор за спроведување на осуденици за кумановските настани до судот. Преносот се прави со хеликоптер и блиндирани возила, а снајперското обезбедување на околината е дел од полициската пракса.Видот  и количнината на оружје не е надвор од стадардите на пропишаната процедура посочија од МВР.

Слични содржини