МВР појаснува зошто не е извршен претрес кај кумановецот кој учествувал во настаните во Собранието

од Vladimir Zorba

 

Министерството за внатрешни работи попладнево преку соопштение појасни дека во врска со настаните во Собранието на 27 април не е извршен претрес во домот на И.Ј. од Куманово бидејќи таква наредба издала судијката на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

– Во 06:15 часот бил воспоставен телефонски контакт со судија на претходна постапка од Основен Суд Скопје 1, која била информирана за моменталната состојба (дека никој не ја отвора вратата), при што судијката кажала да не се постапува по дадената писмена наредба (да не се влегува во станот со кршење на влезната врата), се појаснува во соопштението од МВР

Слични содржини