Министерството за внатрешни работи во денешната реакција индиректно потврди дека немало физички контакт меѓу пратеникот Амди Бајрам и членот на СДСМ. Оттаму реагираат дека „политичката партија СДСМ нема мандат, ниту овластување да говори во име на Министерството за внатрешни работи“, откако синоќа СДСМ соопшти дека немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и пратеникот Амбди Бајрам што го нотирала и полицијата.

„Во однос на вчерашниот настан би сакале да информираме дека, околу 15,30 часот пријавено е дека на Кеј 13 ти Ноември пред Управната зграда во ГТЦ на пратеник од Собранието на Македонија, кој бил заедно со уште едно лице, во еден момент им се доближил А.Т. (29) од Струмица, по што истиот започнал вербално да го напаѓа, упатувајќи му навредливи зборови на пратеникот. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на самото место и разговарано е со лицата. Извршен е преглед во возило „шкода октавија“ управувано од А.Т. при што во истото биле пронајдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек. Против лицето А.Т. поднесена е пријава за нарушен јавен ред и мир. Од страна на СВР-Скопје до Основното јавно обвинителство проследен е предметот на натамошно постапување“, пишува во соопштението на МВР

Слични содржини