Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денес до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција.

katica-janeva
Имено, со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето  на работните задачи во СЈО, од МВР е побаран одреден број полициски службеници како за ЈО Катица Јанева така и за нејзините соработници- обвинители.

Јанева и тимот сериозно загрижени по говорот на Груевски, побарале засилено обезбедување

Министерството за внатрешни работи ќе го разгледа барањето и благовремено ќе достави одговор до СЈО.

 

Интегрален ткест

Слични содржини