МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз на домашен терен сезонава во АБА лигата. Во меч од 9. коло загуби во пресметката со Црвена звезда со резултат 66:71.

mzt-skopje--640x452

Српскиот евролигаш го контролираше мечот во сите 40 минути, освен во еден период во последната четвртина кога  Аеродромци опасно се приближија но „црвено-белите“  искусно стигнаа до победата.

Дреновац со 19 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, Буниќ постигна 13, а  Љубичиќ 12 поени. Кај Црвена звезда најпрецизни беа Јовиќ со 17 и Милер со 13 поени.

МЗТ Скопје во следното коло гостува во Подгорица против екипата на Будуќност, која е на делба на првото место на табелата токму со Црвена звезда.

Слични содржини