Турската полиција одржа уште една операција против обвинетите во соучество на духовникот Фетулах Гулен и неговата “паралелна држава”.

0216726001409225758_474439_600x458_actualno

При денешната акција се приведени десетици осомничени, а меѓу нив имало бизнисмени, како и еден шеф на провинциска полициска станица. Досега слични операции биле насочени против соработници на Гулен претежно во полицијата, судството и банкарството.

Денешната акција е насочена главно во турската провинција Коња, но помали апсења имало и во 10 други провинции. Меѓу целите на полицијата биле и членовите на бизнис асоцијацијата “Актиф”.

Натамошните апсења доаѓаат само две недели пред да се одржат парламентарните избори во Турција, на кои се очекува владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) да биде победник.

Претседателот Реџеп Ердоган ги обвинува Гулен и неговите соработници во обид за државен удар и создавањето на т.н. “Паралелна држава”. Во рамките на акциите против нив беа приведени голем број полицајци, судии и обвинители.

Слични содржини