На 23 ноември Бугарија и Македонија ќе потпишат уште 10 договори

од Vladimir Zorba

Многу е важно Бугарија да помогне во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО, изјави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.


“Договорот за соседството е сериозен пример за лидерство. Имаше сериозни критики и дебати во
Бугарија,  има уште поголеми критики во Македонија,  но, јас и вашиот премиер, верувам дека
ова ќе донесе 100 пати повеќе изгледи за двата народа од било какви загуби. Времето  ќе покаже дали
нешто ќе изгубиме “, рече македонскиот премиер,  на балканска тркалезна маса, на Институтот за политика  во Струмица .  Токму одтаму тој најави дека Владите на Република Македонија и Бугарија на првата заедничка седница започнуваат со работа на конкретни проекти за соработка.

На седницата која ќе се одржи на 23 – ти ноември во Струмица, двата кабинета ќе ги разгледаат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката.

Врз основа на постигнатите спогодби и во согласност со Договорот за пријателство, соработка и добрососедство ќе бидат потпишани билатерални документи. Напредокот во добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија ќе биде одбележан со усвојување на заедничка декларација.

“На 23-ти ние ќе потпишеме 10 нови договори. Сите тие имаат бенефиции за двата народи и се во
сферата на образованието, туризмот, бизнисот, културата итн. “, додаде тој.
Според македонскиот премиер, многу е важно Бугарија да помогне во процесот на интеграција на
Македонија во ЕУ и во НАТО. Тој ги повика сите да работат заедно за повисок животен стандард на
Балканот.

Одржувањето на заедничката седница беше договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов во Скопје во почетокот на август оваа година, кога беше склучен Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави.

Премиеорт  Заев најави  дека Договорот за соседство ќе биде ратификуван до крајот на годината. Во однос на историските прашања, Заев побара да се прекинат сите несогласувања и поделби.
“Многу е важно идните генерации да ги оттргнат предрасудите од минатото. Да им дозволиме на историчарите да се расправаат и да докажат. Имаме еден живот, и зависи од нас како ќе живееме “,порача тој.

Слични содржини