На 24 мај балканските лидери на рапорт кај Могерини

од desk3

Целта на овој неформален состанок со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини е разговор за состојбите во регионот.

“Високата претставничка на ЕУ и потпретседателка на ЕУ, Федерика Могерини ги повика премиерите на западнобалкаската шесторка на неформална вечера, која ќе се одржи во Брисел на 24 мај. Ќе разговараат за состојбите во регионот и во светот за послендите случување и заедно ќе ги разгледаат следните чекори”, изјави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ.

Коцијанчиќ додаде  дека оваа вечера ќе послужи да се направи пресек на постигнатото  по посетата на Могерини на почетокот на март оваа година.

Могерини порано рече дека по заминувањето на Велика Британија од Унијата нејзината иднина нема да остане на 27 членки, бидејќи ќе има нови земји членки.

“Мислам на земјите од Балканот со кои разговараме за влез во ЕУ. Многу за тој процес зборуваат како за процес на проширување. Јас повеќе сакам да зборувам како за повторно обединување на Европа”, рече Могерини за торинскиот весник  Stampa во  New Yorku одговарајќи на прашањето дали Брегзит ќе ја ослабне Унијата.

e

Слични содржини