На 64 Бриџит Макрон ја претставува Франција со мини здолништа и тесни панталони

од Vladimir Zorba

Не стивнува интересот за првата француска дама, 64-годишната Бриџит Макрон, откако 39-годишниот сопруг Емануел беше избран за претседател. Во првата половина на месецот првата француска двојка имаше неколку официјални настани и Бриџит секој пат го врзува вниманието.

На 6 јуни Емануел и Бриџит ја поздравија во Елисејската палата данската принцеза Мери, која е наследникот на тронот. За оваа средба првата француска дама беше избрала прав мини фустан со заситена ултрамаринова боја, дополнета со светол жакет. Моделот беше од модната куќа Louis Vuitton.

Потоа на 11 јули двајцата отидоа во Ле Тука, за да гласаат на парламентарните избори. Бриџит беше со тесни фармерки и бело палто. А ,пред два дена првата француска двојка пристигна во поранешната француска колонија Мароко. Додека Емануел и кралот на оваа арапска земја Мохаммад VI решаваа политички прашања, Бриџит и сопругата на кралот Лалла Салма отидоа во Националниот музеј на современа уметност да се восхитуваат на изложба на Пикасо. Бриџит остана верна на својот стил: сепак истиот мини фустан со кратки ракави, торба преку рамото и високи потпетици.

Слични содржини