На Антарктикот е пронајден 100-години стар овошен колач – тој бил совршен за јадење

од Vladimir Zorba

Група истражувачи на Антарктикот неодамна откриле над 100-години стар колач кој бил сосема свеж и подготвен за јадење, пишува Мирор. Завиткан во хартија, стариот колачт бил во одлична состојба и со соодветен мирис.

Според експертите тој е од 1910-1913 година, кога била експедицијата за Јужниот пол на Земјата на Роберт Фалкон Скот.

Овошниот колач речиси еден век стоел на студено и најмногу на ветровито и сувото место на планетата. Колачот, бил откриен во колиба во Кејп Адер. Животот и работата на Антарктикот бара висококалорична храна со јаглени хидрати со висока јачина. Планирано е десертот да биде еден од 1.500 додатоци во Музејот на Антарктичкото наследство.

Слични содржини