На чело со премиерката Србија оддржа геј парада среде Белград

од Vladimir Zorba

 Под строги безбедоносни мерки, полицијски сили и хеликоптери, околу 1000 припадници и подржувачи на ЛГБТ заедницата   ја одржаа Парадата на Гордоста. Ова е прва парада на која учествуваше и еден српски премиер.

Ана Брнабиќ со министрите Ружиќ и Ѓорѓевиќ и градоначалникот Синиша Мали под слоганот-За промени, во центарот на Белград ја предводеа  парадата. Покрај кумата на парадата Јелена Карлеуша беа присутни и други полтички и јавни личности.

  Мојата порака е дека владата на Србија е присутна за сите граѓани, како за мнозинството, така и за малцинствата, и дека различноста може да придонесе за зајакнување заедно. Кога имаме различни мислења  можеме да зборуваме, дека немаме физички злосторства од  омраза, и дека строго  се тоа ќе го санкционирам, порача Ана Брнабиќ, која и самата е дел од геј заедницата.

 На парадата беа упатени три барања на ЛГБТ граѓанството. Стопирање на насилството во училиштата и законски решенија за промена на полот, како  и  можност за заснивање на брачна заедница помеѓу ЛГБТ лицата.

По 2010 год. кога повеќе илјади хулигани го демолираа центарот на Белград и повеќегодишните забрани, ова беше 4-та по ред мирна и успешно организирана Парада на гордоста.

Слични содржини