На дебата за работа на црно, се јави новинарка „на црно“ вработена во телевизијата

од desk2

Дебатната емисија емитувана на РТРС за работа на црно предизвика лавина реакции откако во живо им се јави нивна новинарка која со години работи како хонорарец, а не е пријавена.

– Дали знаете дека токму во телевизијата каде гостувате сега, има толку многу нерегуларности, особено такви кои се однесуваат на договорите за привремена работа? Врз основа на тие договори смее да се работи само 90, односно 60 дена во годината, а ние работиме и по 8 или 9 години. Конкретно во мојот случај, две ипол години – рече новинарката во вклучувањето во живо.

 

На прашањето на водителот Марко Вејиќ: „Како се викате вие?“, новинарката кратко одговори „Јас сум Ваша колешка. Благодарам Марко шти ми овозможивте да се јавам во оваа програма“.

Слични содржини