На Драган Павловиќ Латас и на Ивона им се одземени пасошите и мора да се јавуваат секој понеделник

од Vladimir Zorba

 Новинарската уредничка двојка на Сител  и Вечер куртулија од притворска претпазливост

Кривичниот суд не определи притвор за главниот уредник на Тв Сител Драган Павловиќ Латас како обвинет  во предметите на СЈО.

Во предметот во јавноста познат како „Тифани“, судот го уважи предлогот на СЈО и определи мерки за претпазливост за новинарката Ивона Талеска и тоа секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице, и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тотал“, за определување мерка притвор против новинарот Драган Павловиќ Латас заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Даночно затајување се одбива како неоснован. И тој ќе има обврска секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а судот определи и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Одлуката за притвор за Груевски и за врвот на ВМРО-ДПМНЕ е готова, на Латас и Ивона одземени пасошите

Слични содржини