На три пати запленета дрога, пожар, работник падна од скеле, Косовец протеран од државава…

од desk3

policija2

На 02.12.2016 година во 21.30 часот на ГП  „Долно Блаце“, при контрола на Т.Б.Л.А. (53) од Кралството Шведска, кој управувал ПМВ „Крајслер“ со шведски регистарски ознаки, од страна на Царинска испостава Блаце и Екипа на Мобилна царина била извршена детална контрола на возило, при што во посебно направен бункер во патосот на возилото биле пронајдени 61 пакетчиња завиткани со селотејп и алуминиумска фолија со тревкаста материја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со тежина од околу 30 кг. Од страна на Царинската управа странскиот државјанин е задржан за понатамошна постапка.

Единицата за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето З.А. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот во текот на ноември 2016 година неовластено набавил поголема количина на марихуана со намера истата да ја продава на уживатели од Скопје. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, преземајќи мерки и активности за сузбивање на уличната продажба на дрога, дојде до сознание дека З.А., кој и претходно е кривично пријавуван за недозволена трговија со марихуана, набавил поголема количина на марихуана, со намера да ја препродава.

По потврдување на сознанието, Единицата презеде мерки и активности за обезбедување на материјални докази, за што на 23.11.2016 година со наредба од Судија на претходна постапка  извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени  93,27 грама марихуана спакувани во една тегла и две полиетиленски кесиња, една  таблета со активна компонента 3,4 грама метилен-диоксиметамфетамин (МДМА) и една дигитална вага на која се најдени траги од  марихуана. З.А. бил приведен и делумно дал појаснување за потеклото на пронајдената дрога во неговиот дом.

Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка претпазливост со која истиот е обврзан еднаш во неделата да се пријавува во надлежната полициска станица.

На 02.12.2016 година околу 20.40 часот во Скопје на ул. „Бутелски Венец“ во с.Шуто Оризари настанал пожар во куќа сопственост на М.Р. Сопственикот на куќата е во странство, а истата е без струја, врати и прозорци. Внатре немало вредни работи. Од пожарот целосно била опожарена кровната конструкција и останатите предмети кои се наоѓале по собите. Пожарот бил  изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

На 02.12.2016 година околу 17.00 часот во Тетово на ул. „Благоја Тоска“ полициски службеници од Тетово и Скопје, при контрола на ПМВ „Волво“ со албанска национална ознака, управувано од Б.А. (53) од Р.Албанија, пронашле три торби со непозната зелена тревкаста материја со количина од околу 15.5кг. Исто така, сопрено било и ПМВ „Мерцедес“ со албанска регистарска ознака, управувано од Ц.Р. (31) од Р.Албанија, а како совозачи биле Д.Е. (29) и М.Е. (25), сите од Р.Албанија. И во ова возило бил извршен бил преглед, но ништо не било пронајдено. Наведените лица се лишени од слобода и заедно со двете ПМВ се донесени во кругот на СВР Тетово за понатамошна постапка. Извршен е увид  и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

На 02.12.2016 година околу 15.40 часот на ул. „Младинска“ во Струмица В.Г. (34) од с.Секирник, додека работел како заварувач на кровна конструкција, качен на платформа од скеле, во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри. Од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди опасни по живот и по укажаната првична лекарска помош бил пренесен на КАРИЛ неврохирургија во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и трудов инспектор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.12.2016 година во 05.00 часот на ГП Аеродром ,,Александар Велики“ Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на грчка дозвола за престој, приведен бил А.J. (46) од Косово. Во 09.30 часот истиот е предаден на РЦ за ГР  Север за понатамошна постапка.  Изречена му е мерка  „протерување од Р.Македонија“ во времетраење од три години и ќе биде спроведен до ПС за ГП „Долно Блаце“.

Слични содржини