На Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, Заев ќе се сретне со Хан и со Могерини

од desk2

Премиерот Зоран Заев, во рамките на активностите за време на Генералното собрание на ОН, денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, на кој ќе учествуваат шефови на држави и на влади, како и претставници на најголемите светски компании, информираат од владината прес-служба.

Во текот на денот, Заев ќе има средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а ќе присуствува и на вечерата што ја приредува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини.

Заев ќе присуствува и на приемот во организација на премиерот на Хрватска, по повод 25-годишнината од членството на оваа земја во ОН.

Слични содржини