На Хајди Клум сега ѝ се допаѓало да се снима гола повеќе од кога било

од Vladimir Zorba

Супермоделот Хајди Клум откри дека сега ѝ се допаѓа да се соблекува пред камерата многу повеќе отколку во младоста. Ова го изјави самата таа пред “Дејли мејл” по повод излегувањето на новиот нејзин бук-албум. “И претходно сум се фотографирала гола, но никогаш не сум ги покажувала сликите на другите луѓе. Сега се чувствувам посигурна, отколку во 20-те години. Мислам дека кога бев помлада бев и срамежлива, но сега научив да си се допаѓам “, изјави манекенката, која дури и по раѓањето на четирите деца поседува тело, достојно за завист.

“Сега имам 43. Стомакот ми е веќе проширен и контрактиран четири пати (како резултат на бременоста). Сум доела четири деца … Си ги обожавам формите, бидејќи тие се мои. На крајот на краиштата не е важно што другите мислат за моето тело, туку како се чувствувам јас во него. а јас работам за него и се чувствувам одлично “, дополни Клум.

Слични содржини