На Ибица уапсени двајца имами за промовирање на ИД

од Vladimir Zorba

Шпанската полиција уапсила двајца муслимански свештеници осомничени за промовирање на Исламска држава на средоземниот остров Ибица, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

3c2c3749f4969766e0aa5958a38929a8_l

Имамите, родени во Мароко, уапсени се денеска во градот Сент Ентони де Пормањ на Ибица.

Во соопштението се наведува дека имамите за ширење на пропагандата на терористичката организација меѓу муслиманската заедница ја користеле џамијата во која работеле, како и социјалните мрежи.

Нивните активности се интензивирале во 2012 година, во екот на протестите на Арапската пролет, кога голем број од странство борци отпатувале за да и се приклучат на ИД.

Министерството соопштило дека мароканските власти дали клучни информации за нивното апсење./Мета

Слични содржини