На Катица Јанева ѝ се слоши, комисиската расправа одложена за утре

од Vladimir Zorba

katica-janeva-sobranie1

На специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва ѝ се слоши откако цел ден присуствуваше на седницата на собраниската комисија за политички систем, на која втор ден се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“.

Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, дозволи пауза, меѓутоа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, инсистираше да постави прашања до Јанева. Тој не сакаше да ја напушти говорницата, по што Јанева си замина.

Комисиската расправа ќе продолжи утре во 13 часот.

Слични содржини