На Косово поведено обвинение против експратеник и неговата криминална група

од desk3

Меѓународниот обвинител на Еулекс обвини група косовски Албанци и Срби, вклучувајќи и еден поранешен пратеник, за организирање криминална група што се занимавала со перење пари, мито, измами, злоупотреба на овластувања и со даночно затајување.

euleks-860x680

Европската мисија за спроведување на владеењето на правото и законот, Еулекс, денеска поведе обвинение против групата.

Во соопштението на Еулекс се наведува дека 39-те обвинети ги предводел пратеникот Азем Сила, од владејачката Демократска партија на Косово, во координирана намера да отуѓат државен имот на Косово низ криминални активности, кои вклучувале и фалсификување пресуди и други законски документи, измами и коруптивно однесување.

Шеесет и петгодишниот Сила е уапсен во април. Тој бил еден од водечките команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на војната од 1998-1999 година.

 

МЕТА

Слични содржини