На Криволак голема воена вежба

од desk3

На полигонот Криволак американски и македонски војници ќе одржат заедничка воена вежба  насловена како “Драгон рајд 17”. Вежбата ќе започне на 26 јули а ќе заврши на 8 август. На македонска територија ќе влезат околу 100 возила на Армијата на САД (транспортот и транзитот ќе се изведе со 5 конвои од по 20 инжинериски возила со опрема и персонал).

Ќе учествуваат 90-ина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада и околу 300 припадници на „2 Cavalry Regiment“ (2CR)  на Армијата на САД во Европа. На вежбата ќе учествуваат и припадници од другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување, пишува на интернет страницата на АРМ. Целтa на вежбата е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество. Дел од обуката која ќе се изведува за време на вежбата ќе биде и за забрзано изведување на  деконтаминација, меѓусебно запознавање со лично вооружување на двете армии и изведување на гаѓања, инженериска изработка на слетна патека за беспилотно летало, чистење на рути од импровизирани експлозивни направи…
Вежбата “Драгон рајд 17 ” е договорена на средбите на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и командантот на Армијата на САД во Европа Фредерик Бен Хоџис. За оваа вежба, Владата на Република Македонија на седницата на 22 јуни дозволи влез на американска војска на македонска територија.

АРМ соопшти дека од 7 до 21 јули припадници на АРМ ќе учествуваат и на меѓународната вежба „Сајбер гардијан“ што ќе се одржи на територијата на Романија и Бугарија. На вежбата ќе учествуваат припадници на АРМ од составот на баталјонот на воена полиција и полкот за специјални операции.

Вежбата „Сајбер гардијан“ е во организација на Армијата на САД во Европа и на неа ќе учествуваат повеќе од 25.000 припадници од 23 армии на НАТО земјите членки и партнерските армии.

 Оваа вежба е договорена на средбите на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и командантот на Армијата на САД во Европа Фредерик Бен Хоџис. За оваа вежба, Владата на Република Македонија на седницата на 22 јуни дозволи влез на американска војска на македонска територија.

Слични содржини