На „Криволак“ почна воената вежба „Здружена реакција – 17“

од desk2

Во организација на Армијата на Република Македонија од денес до 29 септември во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“, отпочнува со реализација воено-теренска вежба „Здружена реакција – 17“.

Вежбата „Здружена реакција – 17“ е меѓународна вежба на која покрај припадници на АРМ од составот на баталјонот на воената полиција, учествуваат единици на воените полиции од составите на армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Националните гарди на сојузните држави на САД, Вермонт и Минесота.

Целта на вежбата е преку заедничко извршување на поставените задачи согласно сценариото, да се промовира соработката на воено-полициските капацитети во рамките на А5-иницијативата, споделување на стекнатите вештини и искуства, како и интероперабилност во постапките на припадниците од армиите учеснички.

На вежбата која е во организација на АРМ и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки со цел да се изврши обука и извежбување на воено-полициските единици во разни ситуации.

Слични содржини