На локалните избори 8 кандидати се градоначалник на град Скопје

од Vladimir Zorba

Од ВМРО-ДПМНЕ ги официјализираа кандидатурите за кои се шпекулираше деновиве од кои повеќето се актуелни градоначалници на оваа партија.

СДСМ нема да кандидира никого во повеќето од општините со мнозинско албанско население кои досега ги раководеа кадри на ДУИ, како во Чаир, Гостивар, Кичево, што сепак не е случај и за Струга, каде партијата на Заев има свој кандидат.

ДУИ има вкупно 18 кандидати за градоначалници, а во поголемите општини со мнозинско албанско население, како во Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево во изборната трка ќе влезе со актуелните градоначалници Теута Арифи, Невзат Бејта, Ружди Љата и Фатмир Дехари.

Во Струга ДУИ повторно го врати во игра некогашниот градоначалник Рамиз Мерко, а во Сарај, Блерим Беџети. Движењето БЕСА исто така има кандидати во речиси сите општини со мнозинство Албанци и за Град Скопје. Инаку, трите албански парламентарни партии ДУИ, БЕСА и Алијансата ќе имаат заедничка листа на кандидати за општински советници во Охрид, Битола и Гази Баба, додека во Петровец и Чашка, со заедничка листа за советници ќе настапат само Алијансата за Албанците и БЕСА.

Во Тетово, актуелната градоначалничка Теута Арифи ќе се соочи со лидерот на БЕСА, Биљал Касами, потоа со Аднан Незири од Алијансата, како и со пратеникот од редовите на ДПА, Бардил Даути. Досегашниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта ќе го предизвикаат Арбен Таравари од Алијансата на Села, Асаф Демири од БЕСА и Сабајдин Изаири од ДПА. БЕСА во Чаир ќе се обиде да победи со пратеникот Зеќирија Ибрахими, ДУИ сд Висар Ганиу, Алијансата со Фарук Авдиу, а ДПА со Идриз Орана.

На локалните избори ќе учествуваат и Левица, Народното движење за Македонија, Демократската партија на Турците и Движењето за национално единство на Турците.

Од ДИК соопштуваат дека Општинските изборни комисии ги собираат и разгледуваат кандидатурите и проверуваат да не има потреба од определени корекции.

Доколку Општинска изборна комисија односно Изборната комисија за Град Скопје утврдила дека листата има одредени нерегуларности, ќе го повика надлежното лице или носителот на листата, да ги исправи нерегуларностите во рок од 48 часа од приемот на листата.“ – се вели во Изборениот законик

Доколку нерегуларностите не бидат исправени во одредениот рок, Општинската изборна комисија ги отфрла за 48 часа. Против одлуката може да се поднесе тужба во Управниот суд.

Слични содржини