На Петер Мадсен ќе му се суди за убиство на новинарката, се бара доживотен затвор

од desk2

Данските обвинители во втроникот официјално поднесоа тужба против данскиот пронаоѓач и сопственик на подморница за минатогодишното убиство на шведската новинарка Ким Вал, чии делови од распарченото тело беа најдени во морето, по интервјуто со пронаоѓачот на неговата подморница.

Мадсен, кој беше уапсен веднаш по убиството и задржан во притвор, во август, призна дека го рапсрачил телото, но тврди дека не ја убил.

Обвинителството ќе бара доживотна казна затвор, потврдија од полицијата во Копенхаген.

„Ова е навистина невообичаен и екстремно брутален случај кој имаше трагични последици за Ким Вал и нејзините роднини. Интересот за случајот е огромен, Се надеваме дека медиумите во иднина че разберат дека доказите што ги имаме ќе бидат соопштени на суд, а не на прес-конференции“, рече специјалниот обвинител Јакоб Буч-Јепсен.

Судењето за Мадсен ќе почне на 8 март, со обвинение за убиство и расчеречување на телото како и за сексуални односи и други дејства кои се од опасна природа, велат обвинителите.

Обвинителот вели дека не знае како точно умрела Вал, но дека убиството може да е направено со пресекување на грлото или со давње.

Според него, убиството е планирано и за него Мадсен се подготвувал.

Во трагичниот случај што ја шокира јавноста, останките од 30-годишната Вал неа најдени во заливот Коге во близина на Копенхаген, врзани со метални премети, откако таа исчезна по интервјуто со пронаоѓачот на 10 авгудт.

Обвинителите претходно велеа дек Мадсен ја убил како објект на сексуална фантазија, но тој ги негира сексуалните односи со Вал/

Шведската новинарка работеше како фриленсер со седиште во Њујорк и во Кина, а нејзините текстови се објавуваа во The Guardian, The New York Times и други познати магазини.

Откако намерно ја потопи подморницата на 11 август во заливот Коге, на 50 км од главниот град на Данска, Мадсен беше спасен од пловилото и првично на полицијата и рече дека претходно ја симнал Вал.

Од тогаш неколкупати ја смени својата изјава за текот на настаните. 46-годишниот самоук инженер е познат на јавноста во Данска. Подморницата ја направи со група волонтери во 2008 година.

Полицијата потврди и дека против него ќе се води случај за загрозување на безбедноста на море.

Слични содржини