патарина
Наплатната станица Петровец денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена поради снимањето на филмот „А фонд“ на француската продукциска куќа „Чик филмс“, но во тој период ќе нема прекин во сообраќајот на автопатот.
Според известувањето од „Чик филмс“ и „Манифактура продукција“, патарината Петровец ќе биде затворена во двата правца.

– Автопатот нема да биде затворен за сообраќај, туку ќе има соодветна патна сигнализација која упатува на заобиколување, со тоа што наплатната станица нема да врши наплата, соопшти Автомото сојузот на Македонија./МИА

Слични содржини