На пладне продолжува собраниската седница за избор на заменици министри

од desk3

Во Собранието  денеска со почечток  во 12 часот ќе продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици – министри на Владата.

Вчера по жестокиоит настап на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои  најпрво бараа повлекување на точката од дневниот ред, со образложение дека немаат време да ги разгледаат биографиите на предложените кандидати на заменици министри,за да по еден час пауза пратнеикот  Илија Димовски  излезе на собраниската говорница со предлог, точката од 10-тото место да биде префрлена на последното 23. така според Димовски пратениците ќи имаат повеќе време да се подготват за дебата.  Предлогот беше прифатен од сите пратеници.

На денешната седница пратениците ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.

Слични содржини