На почетокот на идната недела ќе имаме нова Влада- непознатото е само со или без БЕСА !

од Vladimir Zorba

Според последните разговори со колиционите партии, БЕСА е се подалеку од партиципирање во новата Влада на СДСМ.

Забрзано се договара новиот владин кабинет. Денеска раководството на СДСМ на средба со коалициските партнери.

„Од понеделник – ќе имаме нова влада“ – изјави мандатарот Зоран Заев по вчерашната премиерска вечера во Брисел.

Се ближи и конгресот на СДСМ. Дали Заев в сабота ќе се појави како мандатар кој веќе го екипирал новиот владин кабинет. Неофицијално, постои можност до утре вечер да се знае составот на новата влада.  Не е исклучено и имињата на идните министри од СДСМ да бидат соопштени на самиот конгрес, кога се очекува лидерот на партијата да добие уште еден мандат и да бидат кооптирани новите членови на ЦО и на Извршниот одбор на партијата.

Според последните разговори со колиционите партии, БЕСА е се подалеку од партиципирање во новата Влада на СДСМ. Од една страна големо е противењето на ДУИ за влез на БЕСА, од друга страна теи испорачуваат се понепринципиелни барања кои ги одалечуваат од влез во владата ан Заев.

Во тој пакет останува и дилемата дали ќе останат на тврдењето дека ќе дадат поддршка на парламентарното мнозинство на реформските проекти на Владата или  функција на претстојните локални избори на ги бранат опозицискиите позиции во парламентот. Разговорите се во тек.

За очекување е новата влада да се гласа во понеделник или вторник. Сите информации ќе бидат познати утре на конгресот  точно напалнде во Скопје.

Слични содржини