87
На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември. Најголем дел од партиите ги објавија своите кандидати, а ВМРО ДПМНЕ се очекува тоа да го стори утре на голем партиски собир.
Откако партиите ќе ги достават кандидатските листи, ДИК има рок од 48 часа да ги разгледат и да укажат на можните неправилности. Партиите имаат исто толку време рок за да ги отстранат неправилностите.
Рокот истекува на полноќ, а досега само дел од партиите ги доставиле листите со пратеници до Државната изборна комисија.