Сириската армија има право да одговори на секое прекршување на договорот за прекин на воените дејствија во земјата, изјави постојаниот претставник на Сирија во ОН Башар Џафари.

2111009061

Според него режимот во Дамаск е подготвен да помогне за спроведување на договорот и додаде дека е од особено значење за да се зајакне контролата над сириските граници, за да се запре поддршката за вооружените групи.

Примирјето во Сирија влезе во сила на полноќ, откако владата на Башар Асад, големите бунтовнички фракции и најголемата курдска милиција прифатија да учествуваат во прекинувањето на непријателствата.

Договорот за примирјето сепак ги исклучуваат терористичките организации “Џебхат ан Нусра” и “Исламска држава”.

Веднаш по стапувањето на сила на примирјето, групи контролирани од терористичката организација “Џабхат ан Нусра” отворија оган од минофрлачи по станбени квартови во Алепо и Хомс. Тоа пренесе РИА Новости, повикувајќи се на извор од сириското народно движење. “Бандити отвориле минифрпачки оган врз квартовите Шиха, Ашраф и курдскиот регион во Алепо. Бомбардирањето е извршено од регионот Бензијад, каде што се наоѓаат групите кои не се согласуваат со примирјето. Бомбардирањето од нивна страна започнале веднаш по полноќ. Во градот Хомс бандитите отвориле оган врз позиции на армијата во квартовите Итна Шаршух и Мазареи Хилјалија “, соопшти тој.

Според него, огнот по станбените квартови бил отворен од групите “Либан ас Султан Мрад”, која се наоѓа во сојуз со “Џебхат ан Нусра”.

Слични содржини