Собранието на Република Македонија, според одлуката што ја донесоа пратениците на 18 јануари, вечер на полноќ трeбa да се распушти со цел одржување предверемни парламентарни избори на 24 април, согласно договорот од Пржино.празно собрание

Засега нема формална иницијатива до Собранието за променана одлуката за самосраспуштање. До синоќа ниту една од пратеничките групи немаше поднесено барање за менување на одлуката.

ЕУ и САД во неделата преку заедничко соопштение ја изнесоа нивната оценка дека „иако одреден напредок е постигнат, неопходните услови за организирање на веродостојни избори на 24 април, во моментов не се исполнети“. Американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека, сепак, одлуката за датумот на одржување на изборите е на Собранието на Република Македонија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера се изјасни дека не е точно дека нема услови за одржување фер и демократски избори во земјатa .Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за здравство Никола Тодоров синоќа во интервју за телевизија „Сител“ рече дека до тој  момент одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да се одржат на 24 април.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, вчера го повтори ставот дека не треба да има избори на 24 парил бидејќи нема услови. Според опозициската партија, претходно потребно е прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите, и друга реалност за Македонија не постои.

ДПА и ДУИ вчера не излегоа со свој став во врска со оваа ситуација, иако претходно на средба на партијата во Гостивар лидерот ДУИ Али Ахмети се изјасни дека  тие ги поддржуваат ставовите на межународната заедница и тие ќе останат партнери со сите прогресивни сили како во земјава така и со странските.ахмети

Ахмети по средбата со американскиот амбасадор Бејли во неделата, изјави дека „ДУИ е во иста линија и комуникација со меѓународната заедница, и смета дека средбите треба да продолжат и да се постигне компромис :„Македонија нема потреба од политичка криза, туку завршување на актуелната криза, и затоа апелираме до сите партии да најдеме заедничко решение,“ рече лидерот на ДУИ.

Се очекува до крајот на денот да биде појасно дали ќе има менување на датумот на изборите. Амбасадорот на САД Бејли синоќа во телевизиско интервју изјави дека сега клучниот елемент е да се одлучи дали изборите да се одржат на 24 април или да се размисли за нов датум. – Ние јасно го кажавме нашиот став, но одлуката за тоа треба да ја донесат партиските лидери, рече амбасадорот.

Евроамбасадорот Аиво Орав, пак, во порака на Твитер синоќа напиша дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговарале за ситуацијата во Македонија и оти денеска во земјата ќе пристигнат европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан и оти тоа е последна шанса за партиските лидери да пронајдат решение.

Инаку, вчера доцна попладне со соопштение се огласи и Државната изборна комисија наведувајќи ги активностите кои ќе ги презема во врска со прочистувањето на Избирачкиот список, индиректно потврдувајќи дека процесот активно не е започнат

Стејт департмент: Законодавците да ја разгледаат можноста за друг датум за избори

 Во изјава за VOA ,стигна порака и од амртиканскиот Дтејт департмент:

 „Продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за евро-атлантска интеграција.  Во неделата, на 21-ви февруари, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, до Владата на Македонија ја доставија заедничката оценка околу подготовките за одржување на веродостојни парламентарни избори.  Во оценката се наведува дека во моментов не постојат услови за одржување на веродостојни избори на 24-ти април.  Главната точка на таа оценка е дека на Државната изборна комисија  и` е потребно дополнително време да ги изврши своите работни задачи.

220222_stejt-dipartment-foto-afp_f

Подготовките за изборите не треба да се избрзуваат.  Ги охрабруваме законодавците да ја земат предвид вчерашната оценка и да ја разгледаат можноста за одредување на друг датум за избори.  Иако времето е кратко, се` уште има време лидерите да реагираат пред закажаното распуштање на Парламентот на 24-ти февруари, за да се обезбеди дека условите за одржување на веродостојни избори ќе бидат исполнети.

Парламентот глув за пораките од САД и ЕУ- тие ќе тераат за лизинг?

САД, во координација со ЕУ, ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и потребата од итни реформи во медиумската сфера и пошироко“, се наведува во писмената изјава на американскиот Стејт департмент по повод актуелните случувања во Македонија.

Парламентот за денеска закажа само редовна седница со околу 70 законски решенија и дополнувања на закони.

Слични содржини