На повреденото дете во сообраќајката му е оперирана раката, а не ампутирана

од desk2

На деветгодишното дете кое беше повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Скопје, на Клиниката за детска хирургија му е извршена хируршка интервенција на раката, а не ампутација, информираа од таа јавна здравствена установа.

По извршената интервенција врз раката на детето кое имало скршеница на надлактица, му е поставен надворешен фиксатор и тоа е во добра општа состојба.

Според досегашните информации од надлежните, една жена загина, а 27 се повредени во сообраќајната несреќа во која туристички автобус со македонски таблички излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје.

Основното јавно обвинителство во Велес и МВР денеска соопштија дека работи на утврдување на причините за несреќата. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на самото место место.

Повеќе детали за повредените од сообраќајната несреќа ќе соопштат министерот за здравство Арбен Таравари и директорите на Ургентниот центар и Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во изјава за медиумите закажана за 13 часот пред Ургентниот центар во комплексот клиники.

Слични содржини