Болните преговори со доверителите несомнено го натерале Алексис Ципрас да ја осознае “моќта на парите”. Но дали ја сфатил и потребата од итно модернизирање на Грција?

0,,18725901_303,00

Уште во јануари мнозинството од грчките гласачи веруваше дека лидерот на “Сириза” ќе успее да ги ублажи социјалните последици од економиите спроведени во последните 5 години во Грција и му даде мандат за управување. Тогаш Алексис Ципрас вети дека ќе стави крај на штедењето, но не успеа да го одржи тоа ветување. За да го спречи излегувањето на Грција од еврозоната, тој беше принуден во последна минута да договори со меѓународните кредитори трет помошен пакет за земјата.

Сега Ципрас добива втор мандат од народот . Мнозинството од Грците надградија неговото враќање кон реалноста и очигледно продолжуваат да веруваат дека тој е во состојба да ја намали социјалната цена на неизбежните реформи, кои треба да бидат итно спроведени. Во исто време отцепените од “Сириза” левичарски радикалисти дури не успеаја да влезат во новиот парламент.

Променет ли е Ципрас?
Сепак, премногу е сомнително дали Ципрас се ослободи сод ултрадесничарскиот баласт, и “Сириза” ќе успеа да ја модернизира Грција. За пет години пропаднаа цели пет влади со различен политичка колорит. А барањата на меѓународните кредитори кон земјата остануваат уште исти: да има функционален јавен сектор, конкурентна економија и ефикасна борба против корупцијата и затајувањето на данок. Старите партии не успеаја да постигнат ништо суштинско во оваа врска. Во седумте месеци од својот прв владеачките мандат “Сириза” исто така не успеа да докаже добра волја – она ​​што таа го презеде, беше повеќе почит пред државата како мајка хранителка за сите.

Ќе биде ли поинаква втората влада на Ципрас? Едвај. Веднаш по завршувањето на гласањето, стана јасно дека тој планира да обезбеди мнозинство во парламентот со помош на досегашниот коалициски партнер – деснопопулистичката формација “Независни Грци” (Анел) на Панос Каменос.
Ципрас не направи труд дури да помисли за привлекување за партнер на некоја проевропска формација како што се социјалдемократите од ПАСОК или центристите од “Тоа потами”. Очигледно Ципрас не бара широка политичка поддршка за трајно заздравување на земјата. Тој ја фали моралната и политичка чистота на својата левица, но коалицира со најнеподносливите десни популисти.
Празна реторика и трикови

Во еден од ретките моменти на искреност, Ципрас чистосрдечно призна дека ја сфатил “моќта на парите” дури за време на болните преговори со партнерите на Грција. Искрено се сомневам дека сепак неискусниот, но харизматичен политичар ја сфатил потребата од модернизацијата на Грција. Неговата херојска реторика, мириса на нафталин, вршењето на власта со сите порочни трикови и политиките на казнетите веќе етаблирани грчки партии, како и леснотијата со која тој го загрозува животниот стандард на народот тврдејќи дека тоа го прави во името на овој народ, не ветуваат ништо добро. Очигледно не е случајно што за прв пат во поновата историја на Грција 45 проценти од гласачите воопшто не направија труд да се прошетаат до гласачките кутии.

Слични содржини