Кочење на компјутерскиот систем, премногу ученици, а премалку училници и компјутери, слаби интернетски врски. Ова се вообичаените проблеми со кои, како и секоја година, и годинава почна екстерното тестирање во основните и средните училишта, информира Телма.

eksterno_6

Во некои училишта, како во скопските „Песталоци„ и „Мирче Ацев„, поради софтверски проблеми или слаб напон на електрична енергија, било отежнато подигањето на компјутерската програма, а апликацијата не се отворала ниту по цел час.

Во „Корчагин„ имало проблем околу ажурирањето на групите, но сепак, и во овие училишта, тестирањето се одржало во предвидената временска рамка.

Од Државниот инспекторат велат дека техничките проблеми се вообичаена работа.

Професорите и наставниците не сакаат да зборуваат јавно.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини