Почетна / Актуелно / На Украина и е понуден статус аспирант за членство во НАТО

На Украина и е понуден статус аспирант за членство во НАТО

НАТО конечно и понуди статус на аспирант за членство во Алијансата што оваа земја ја става во друштво на Македонија, БиХ и Грузија.

Претседателот Петро Порошенко се заблагодари на НАТО и нагласи дека еден од клучните приоритети за национална сигурност на земјата е да ги постигне критериумите за членство во овој сојуз.

„Ја поздравувам важната, долго очекувана и логична одлука на НАТО“, објави Порошенко на својата официјална фејсбук страница, додавајќи дека следна амбиција на властите е Акциониот план за членство.

Тоа е повеќестепен процес на политички дијалог и воени реформи кои државата ги спроведува за ускладување со НАТО стандардите. Се работи за процес кој може да трае и неколку години.

Светските медиуми пренесуваат дека во текот на мандатот на поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович официјален Киев прати јасна порака дека не е заинтересиран за НАТО.

Украинскиот парламент Врховната Рада на 8 јуни 2017 година донесе закон во кој интеграцијата на земјата во НАТО е означена како приоритет на надворешната политика.